ОБНОВЕНО+ ФОТО: Изгореа пет куќи, пожарот локализиран

Сподели

Пожар во центарот на Струга.

 

Голем пожар денес ја потресе Струга. Изгореа  пет  куќи  во близина на хотелот Београд во центарот на градот. Пожарот настанал денес околу 13 30 часот. Првично се случил   во една  куќа стара над 50 години,  но набрзо се  проширил врз околните куќи лепенки. Пламените јазици се ширеле брзо и ги проголтаа куќите  на соседите и две помошни простории.  

 

Пет струшки семејства останаа без дом.

 

Струшките пожарникари помогнати од  колегите од Охрид после два часови жестока борба  успеаа да го локализираат пожарот, во кој за среќа нема ниту  жртви, ниту повредени.

 

Пет лица,  сопственици на куќите  побарале   лекарска помош од топлотниот бран  и од стресот кој го преживеале,  но за среќа немаат никакви повреди.

 

Допонително ќе се утврдуваат  причините за настанувањето на пожарот, кој предизвика голема материјална штета.

 

Новинар Соња Рилковска Kanal 5 

 

Foto StrugaLajme