Во близина на Машката плажа во Струга се отвори детски парк,кој е прв во овој туристички центар на Македонија.
Се наоѓа во близина на Машката плажа на површина од 3 200 метри квадратни.Целокупниот проект е донација на општината Бујукчекмеџе од Инстамбул-Турција.
Во паркот има играчки за деца,во износ од 90 илјади евра за т.н.финтес зона која е подарок за децата од Струга.На церемонијатa присуствуваа голем број граѓани и претставници на општина Бујукчекмеџе од Инстамбул,која од минатата година стана соработник со општината Струга.
Градоначлникот на Струга Зејадин Села најави реализација уште на неколку слични проекти кои ќе бидат финасирани и подржани од истата општина.
Еден од проектите е изградбата на училишната зграда на ОУ „Браќа Миладиновци“ во Струга.
- Ова е само почеток на неколку заеднички проекти со општината на Инстамбул.Другиот парк на плажата ке биде кај Женската плажа и ова ќе биде најубавиот и најголемиот парк во Струга..Ова го правиме со цел Струга да биде што поубава.
Во меѓувреме се гради и спортска сала во средното училиште „Ибрахим Темо“ во Струга,со средства од општина Бујукчекмеџе и Инстамбул.
автор СТОЈАН КУКУНЕШОСКИ