Чет03042021

Последна промена11:23:32 AM

SCREEN

Cpanel

   

  • sileks
Back Вие сте на: Home Вести Струга Полициска акција „Лотос“ и во Струга

Полициска акција „Лотос“ и во Струга

Сподели

Претреси, одземање на дрога и приведување во полициската акција „Лотос“, имало и во Струга.

Како што информираше министерот за внатрешни работи Митко Чавков, во Струга како и во Штип, Кавадарци, Гевгелија , бил извршен по еден претрес. Во Струга кај едно, сега приведено лице, била пронајдена марихуана и повеќе други предмети интересни за полицијата.
Инаку, дваесет и четири луѓе се приведени во полициската акција „Лотос“, при што е сузбиена криминална структура уживатели и дилери на дрога од подрачјето на Велес, што продавала хероин, марихуана, како и амфетамин.
Според министерот Чавков, во полициската акција „Лотос“, биле извршени претреси на 24 локации и кај исто толку лица, од кои 11 на подрачјето на Велес, четири во Скопје, три во Свети Николе, две во Кочани и по еден претрес на подрачјата на Штип, Кавадарци, Гевгелија и Струга. При претресите, посочи Чавков, се пронајдени и одземени околу 5.500 евра, околу 100 грама хероин, 160 грама смеса кофеин и парацетамол, ваги и паковки хероин и мрихуана спремни за продажба.

  • Granit

ФОТО

 

ПРИДРУЖЕТЕ НИ СЕ НА FACEBOOK