Запленети кукли од Кина во Струга

Сподели

160 кукли со ознаки на заштитени трговски марки, откриени од страна на мобилните царински тимови, при контрола на разна стока со потекло од Кина, наменета за увозник од Струга, пријавена за увозно царинење во царинската испостава Струга.


Куклите се привремено задржани поради сомневање дека повредуваат права од интелектуална сопственост и согласно законските прописи Царинската управа ќе поведе постапка за утврдување на нивната оригиналност.