Струга конечно избра претседател на Совет
- Детали
- Објавено на Петок, 04 Октомври 2013 15:00
После шест месеци конечно струшките советници денес избраа претседател.Абдула Ќазимоски ќе биде првиот човек на Советот на општина Струга.
За него гласаа советниците од ДПА и дел од советниците од Коалицијата заедно за Струга. Имено од вкупно 11 советници од македонскиот блок гласаа седум. Покрај советниците на ВМРО ДПМНЕ за Ќазимоски гласаше поранешниот претседател на СДСМ Ристо Чушкоски и Зоран Стефоски од ВМРО НП.
- Гласавме во интерес на граѓаните на Струга, за подобро на стружани. Одлучивме да се избере претседател за да се реализираат најавените проекти за развој на градот. СДСМ некоординирано настапија денес. Некои гласаа за други против Ќазимоски. Тоа се нивни внатрепартиски проблеми, вели Илоски од ВМРО ДПМНЕ.
Коалицијата Заедно за Струга нема да се раскине туку ќе продолжи и во иднина, со оние кои ја подржаа одлуката да биде избран претседател, вели Ѓоко Илоски секретар на струшкиот огранок на ВМРО ДПМНЕ.