Груевски денес во посета на Струга и струшко
- Детали
- Објавено на Петок, 15 Јули 2016 11:29
Претседателот на ВМРО ДПМНЕ денес е во работна посета на струшкиот регион.
Според агендата Груевски ќе оствари посета на општина Струга и општина Вевчани.
Ќе изврши увид во активности при доградба на спортска сала во ОУ "Климент Охридски" во селото Дрслајца во Струга. Во Вевчани увид на изградбата на канализациони линии, а ќе присуствува и на поставувањето на камен темелник за изградба на спортска сала во ОУ "Мурат Лабуништа" во с.Лабуништа.
Груевски ќе ја посети и постојната амбуланта и ќе оствари средба со жителите на селото Лабуништа.
Тој ќе изврши увид и на изградена трибина на Отвореното ракометно игралиште во Струга, а ќе ги посети и децата на социјалните семејства кои летуваат во Детското одморалиште "25 Мај" Струга. На крај е предвидено Груевски да го посети и селото Радожда.