Груевски денес во посета на Струга и струшко

Сподели

Претседателот на ВМРО ДПМНЕ денес е во работна посета на струшкиот регион. 

Според агендата Груевски ќе  оствари посета на општина Струга и општина Вевчани. 

Ќе изврши  увид во активности при доградба на спортска сала во ОУ "Климент Охридски" во селото Дрслајца во Струга. Во Вевчани увид на  изградбата  на канализациони линии, а ќе присуствува и на поставувањето на камен темелник за изградба на спортска сала во ОУ "Мурат Лабуништа" во с.Лабуништа.

Груевски ќе ја посети  и постојната амбуланта и ќе оствари средба со жителите на селото Лабуништа. 

Тој ќе изврши увид и на изградена трибина на Отвореното ракометно игралиште во Струга, а ќе ги посети и децата на социјалните семејства кои летуваат  во  Детското одморалиште "25 Мај" Струга. На крај е предвидено Груевски да го посети и селото Радожда.