Многу пари украдени од кола во Струга

Сподели

Вчера, крадец украл многу пари од автомобил паркиран во Струга. Крадецот вршејќи тешка кражба, украл 2.000 швајцарски франци и лични документи.


Според полициското соопштение на МВР, на 14.07.2016 година во времето од 14,00 до 16,15 часот во Струга, на ул.„Владо Mалески“, непознат сторител извршил тешка кражба во ПМВ„Ауди“ сопственост на А.Н.(42) од с.Велешта-Струга, при што одземени се 2.000 швајцарски франци и лични документи .
Се преземаат мерки за откривање на сторителот, стои во полициската информација од МВР.