Нед03072021

Последна промена01:41:22 PM

SCREEN

Cpanel

   

  • sileks
Back Вие сте на: Home Вести Струга И Струга ќе добие тениско игралиште

И Струга ќе добие тениско игралиште

Сподели

Отвореното ракометно игралиште кај „Женска плажа“ во Струга доби нова трибина, со попратни простории како соблекувални и посебни простории за спортски делегати и судии, а наскоро ќе биде обновен и самиот терен со специјална подлога, со цел игралиштето да ги исполни предвидените меѓународни стандарди за одржување официјални спортски натпревари, каков што е Меѓународниот ракометен турнир со традиција од 44 години.


Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски, кој денеска престојуваше во Струга истакна дека проектот за осовременување на игралиштето за ракомет е реализиран како приоритетен, како повеќегодишно барање на самите жители на градот.

За реализација на тој проект, околу изградбата на соодветените трибини беше ангажиран „ЕЛЕМ“ преку активностите што компанијата ги спроведува за општествена одговорност.

Инвестицијата вредна 15,3 милиони денари овозможува вкупен капацитет на трибините од 1.500 гледачи и поттрибински простор за сите потреби на спортистите. Станува збор за проект реализиран во рок од десет месеци.

ОД ЕЛЕМ најавија дека за следниот турнир на игралиштето ќе биде поставена и специјална „Герфлор“ подлога на самиот терен, каква што предвидуваат меѓународните стандарди што ги условува Европската ракометна федерација.

Во рамки на проектот што го реализира Агенцијата за млади и спорт во непосредна близина на ракометното игралиште идниот месец ќе почне изградба на ново тениско игралиште, а најдоцна до септември и посебно повеќенаменско игралиште на песок.

 

 

  • Granit

ФОТО

 

ПРИДРУЖЕТЕ НИ СЕ НА FACEBOOK