Саб02272021

Последна промена08:55:45 PM

SCREEN

Cpanel

   

  • sileks
Back Вие сте на: Home Вести Струга Нема атмосферска канализација па водата завршува во Дрим

Нема атмосферска канализација па водата завршува во Дрим

Сподели

Се загадува ли Црн Дрим со отпадни води? Жителите на куќите покрај реката Дрим во Струга објаснуваат дека се принудени водaта да ја  истураат во реката Дрим, поради проблеми со атмосферската канализација. Албтрим Чира, сопственик на куќа покрај реката Дрим вели дека не се работи за отпадни води, пишува ТВ 21. 

 

“Истурањето на води во реката Дрим, се случува поради тоа што во Струга, имаме проблем со атмосферската канализација, но и да функционира атмосферската канализација овие води повторно ќе се истураат во реката Дрим бидејќи се чисти води.“, изјави Албтрим Чира.

Од секторот за урбанизам во општина Струга велат дека многу граѓани кои живеат покрај реката се принудени да го прават ова бидејќи немаат атмосферска канализација.

„Еден мал дел од градот Струга, 25% до 30% е опфатен со атмосферска канализација, другиот дел од градот е принуден да ги истура водите во реката. Друг избор немаме бидејќи е потребно да се прошири овој систем. Истурањето на овие води во реката не е опасно, ни за реката ни за езерото, затоа што овие се чисти води, атмосферска вода, ова не се отпадни води.“, Ресул Хани раководител на секторот за урбанизам.

ТВ 21

  • Granit

ФОТО

 

ПРИДРУЖЕТЕ НИ СЕ НА FACEBOOK