Почина момчето кое беше извлечено од Охридско Езеро

Сподели

Седат И. роден 1992 година од тетовското село Камењане-Тетово, кој денеска околу 15: 30 часот беше изваден од водите на Охридско Езеро, помеѓу машката и женската плажа во Струга, почина во 20.15 часот во Клиничкиот центар во Скопје на КАРИЛ.

 

Момчето на возраст од 24 години било извлечено од водите на Охридско Езеро од професионални спасители на Црвениот крст. Тоа било реанимирано во болницата во Струга и веднаш било пренесено на скопските клиники.

Во болницата во Струга, Седат бил донесен без знаци на живот.

- По преземени мерки за реанимација добивме срцева акција и пулс, но централниот нервен систем, односно мозокот не функционира. Во моментот се транспортира за Скопје - информираа попладнево од болницата во Струга.

Момчето кое не знаело да плива, било на педалинка од која скокнало во делот кај трските и го снемало.