СЛИКИ ОД ФИЛИП БУЛОВИЌ –ЛИПИ ВО СТРУГА

Сподели

Во галеријата „Вангел Коџоман“ во Струга,беше отворена изложба на слики од Филип Буловиќ-Липи.

Под наслов „Враќање“,тој се претстави со дела настанати во последните години во струшка Горна Белица,во кои преовладуваат слободни линии и живи бои.Во осврт за изложбата,професор д-р Кирил Темков вели дека Липи е голем авантурист и патник кој ја обиколил сета планнета во потрага по убавина.
Буловиќ е роден 1941 година во Белград,каде што завршил Акаедемија за ликовна уметност,отсек сликарство.Се занимава со сликарство,графика и мозаик кои пред струшката публика беа прикажани,тие се од неговиот роден крај.А,неговото семејство потекнува од струшка Горна Белица.Семејно отселен од Горна Белица 1920-тите и роен во Белград како пети син.На местото на куќата на неговата мајка има изградено ателје-куќа во Горна Белица во која дочекува гости и колеги и неуморно слика и во трето доба.
Липи 50 години твори храбро и без престан,освојувајќи ја публиката по светот со свои дела.Самостојно досега излагал 40 пати,а учесник е и на бројни групни изложби.Во Струга ова лето,со радост ќе уживаме во моќта и силата на окото и раката на на големиот сликар Филип Буловиќ-Липи.
Изложбата во Струга ја организира музејот „Д-р Никола Незлобински“.

СТОЈАН КУКУНЕШОСКИ