Пронајден обесен маж во Радолишта

Сподели

Попладнево пред старите хали  на поранешната фабрика во струшко Радолишта бил пронајден обесен маж.

Се работи за повозрасен маж, кој според првичните сознанија извршил самоубиство со бесење. Безживотното тело го забележал жител на селото, кој веднаш ја повикал полицијата. Увидот треба да утврди кога се случило самоубиството денес или неколку денови претходно.