Започна изградбата на спортска сала во Вевчани
- Детали
- Објавено на Сабота, 05 Октомври 2013 18:54
Во Вевчани интензивно започнаа градежните активности за изградба на современа спортска сала со 500 седишта.
За изградба на спортската сала општина Вевчани вложи околу 30 000 евра во изградба на потпорни ѕидови на локацијата каде што се гради салата.
Спортската сала ќе се користи за кошарка, за ракомет, за одбојка, гимнастика, пинг-понг и за многу други спортови и други настани и во целост ќе ги задоволува потребите на младите во Вевчани.
Проектот ќе чини околу 700 000 илјади евра, обезбедени од Буџетот на Република Македонија преку Министерството за образование и наука, а изведувач на градежните работи е А.Д Гранит - Скопје.