Тешко повреден параглајдерист кај Ќафасан

Сподели

Вчера околу 13.30 часот кај местото викано Три Шилки во близина на граничниот премин „Ќафасан“ од параглајдер паднал Д. Џ. (37) од Скопје, при што се здобил со тешки телесни повреди, поточно скршеница на клучна коска.

 

По укажаната лекарска помош во Медицински центар Струга, тој е пренесен во Специјалната болница „Свети Еразмо“ во Охрид.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.