Безредие на струшкото крајбрежје

Сподели

Проблемот со плажите во Струга мора да се реши во интерес на сите граѓани, а не на поединци, изјави претседателот на Советот на општина Струга, Абдула Ќазимоски.

 

Според него, стружани преку референдум треба да одлучат дали плажите ќе имаат приватни концесионери, но за тоа треба да одлучат советниците, кои се поделени по ова прашање. Тој посочи дека врз советниците се прават притисоци и оти бизнис интересите се на прво место.

– Не сум против да вршат бизниси, јас сакам да имаме добри бизнисмени затоа што со нивниот профит и ние имаме добар живот, има добар економски развој, но не на сметка на граѓаните, истакна Ќазимоски.

На струшкото крајбрежје, нагласи, владее безредие, а профитот завршува кај поединци.

– Секој прави што сака. Концесионерите заработуваат пари од стопанисувањето со плажите. Во кои џебови одат тие средства, дали се тоа општински, индивидуални, или се државни, нека ми одговори некој кој може да ги контролира тие профити, рече претседателот на струшкиот Совет.

Смета дека меѓу советниците нема компромис за референдум и оти не се подготвени да носат цврсти одлуки.

– Градоначалникот на Струга, додека очекува одлука од градските избраници пред Уставниот суд покрена постапка, обжалувајќи ги измените во Законот за градежно земјиште, кој предвидува при повторно издавање на плажите под концесија, предност да имаат оние кои досега ги стопанисуваа, додаде Ќазимоски.

Лидер.мк