12 дена чекал да ја пријави сопругата за исчезната

Сподели

Стружанец, чекал 12 дена да го пријави исчезнувањето на неговата сопруга.

Вчера, во струшката полициска станица, Х.А.(41) пријавил дека на 24-ти јули оваа година, од семејниот дом во непознат правец се оддалечила неговата сопруга Х.Ш(32).
Нема информација зошто стружанецот по 12 дена го пријавил заминувањето на неговата сопруга и дали за ова време тој имал некакви телефонски контакти со неа. Струшката полиција веднаш почнала со мерки за пронаоѓање на 32 годишната Х.Ш.