Стружанец бесправно градел угостителски објект

Сподели

30 годишен стружанец заработи кривична пријава  поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „бесправно градење“.

Пријавениот како инвеститор на локација во катастарска општина Струга на ул. „Партизанска“ без одобрение за градење започнал доградба на објект од метална конструкција со намена за вршење угостителска дејност. Од страна на градежен инспектор на Општина Струга составен бил записник и донесено било решение од 28.06.2016 година за отстранување  на објектот.