Сре05252022

Последна промена10:53:20 AM

SCREEN

Cpanel

   

Back Вие сте на: Home Вести Струга На Јабланица ќе се гради модерен ски центар

На Јабланица ќе се гради модерен ски центар

Сподели

Во тек е изработка на проектот за изградба на современ ски центар на Јабланица на месноста Јанков Камен над Вевчани. Ќе се гради  викенд населба, хотели и  три и пол километри долг ски лифт.

 

Проектот ќе се реализира преку јавно приватно партнерство. Според очекувањата ски центарот  ќе го гради фирма од Австрија.

- Овде веќе присуствуваа екипи и разгледаа теренот.  Во текот на овој месец ќе биде објавен тендерот и по зкаонските прописи ќе се знае изведувачот на проектот. Се смета дека тоа ќе биде странска фирма, вели Цветомир Угриноски градоначалник на општина Вевчани.

Ски центарот ќе значи многу за охридско струшкиот регион.

- Непроценливо значење ќе има овој ски центар. Не само за Вевчани туку и за Охрид и за  Струга. Тука во близина ни е и аеродромот. Нема да чекаме гости само во лето, ќе имаме туристи преку цела година вели Угриноски.

Според првиот човек на општина Вевчани  Јабланица има одлични,  перфектни услови за изградба на ски центар. Снег има  во големи количини и тоа повеќе од седум месеци во годината.

Денес екипи од Хидрометеролошки завод Скопје поставија и мерна станица за дополнителна анализа на условите.

За изработка на овој проект од Мепсо преку владата на Р Македонија  се обезбедени 250 000 евра. 

  • Granit

ФОТО

 

ПРИДРУЖЕТЕ НИ СЕ НА FACEBOOK