“Каприкорн” ги повика стружани да постават македонски знамиња за “11 Октомври”
- Детали
- Објавено на Среда, 09 Октомври 2013 00:09
Револтирани од досегашниот однос на градоначалникoт Зијадин Села , со непоставувањето на државно знаме на "Илинден" и на "8 ми Септември", Невладината организација "Каприкорн 2010" од Струга одлучи на "11 Октомври" сами да постават државни знамиња на повеќе места низ градот.
- Ова ќе биде црвен аларм да ја потсетиме локалната власт на должностите кои произлегуваат од законот. Затоа ги повикуваме сите заинтересирнаи граѓани кои имаат балкони и прозори свртени кон главните улици и крстосници во градот, а би сакале да постават државно знаме во пресрет на празникот “11 Октомври” да се јават на 070 636 826 или 078 446 801 за да им дадеме знаме на реверс, вели Васко Јолески претседател на “Каприкорн 2010” Струга