Сре05252022

Последна промена10:53:20 AM

SCREEN

Cpanel

   

Back Вие сте на: Home Вести Струга Груевски: Тоа што го ветивме го реализиравме

Груевски: Тоа што го ветивме го реализиравме

Сподели

Ветувањата ги исполнуваме. Останавме доследни на воведувањето на  реформите кои го подобруваат животот на граѓаните. Проекти од економијата, социјалата, туризмот, земјоделието, образованието и здравството за поквалитетно општество, истакна премиерот Никола Груевски на вечерашната трибина во Струга.

 - Покажавме грижа за пензионерите, ги зголемивме пензиите, воведовме бесплатно болничко лекување, ги намаливме лековите. Ја намаливме невработеноста за 10%. Реализиравме 1600 вработувања на луѓе од ранливите категории, а ќе вработиме и нови 300 хендикепирани лица во администрацијата, рече премиерот Груевски.

Груевски ја најави и изградбата на автопатот Кичево Охрид која треба да започне на пролет, а ќе заврши за три години.

Премиерот рече дека биле издвоени 100 милиони евра за опрема во македонските болници и клиники и дополнителни 100 милиони евра за реконструкција на болниците.Премиерот најави и 140 милиони евра субвенции за земјоделците за следната година.

Груевски рече дека искрено жали што немаат стабилни партнери од опозицијата  во решавањето на спорот со името.

-  Опозицијата наместо да помогне многу често и одмага во целиот тој процес. Еве  додека бев на Генералното собрание во Њујорк слушам низ медиумите како висок претставник на опозицијата дава изјави за грчките медиуми кажувајки дека Македонија е виновна за спорот. И нормално за неколку дена цедиња од тие изјави грчките претставници ги поделија на функционерите во Брисел за да им докажат дека  се во право а тоа го потврдуваат врвни политичари од Македонија од главната опозициона партија. Дали е тоа намерно или не не навлегувам,  но тие на тој начин ни одмагаат.  Жал ми е што немаме доволно стабилни партнери во одбраната на државните интереси, изјави Никола Груевски

На трибината покрај министерите за образование, култура, внатрешни работи, здравство,  инвестиции присуствуваше и градоначалникот на Охрид Никола Бакрачески.

 

 

  • Granit

ФОТО

 

ПРИДРУЖЕТЕ НИ СЕ НА FACEBOOK