Сре05252022

Последна промена10:53:20 AM

SCREEN

Cpanel

   

Back Вие сте на: Home Вести Струга Стружани масовно поставуваат македонски знамиња во пресрет на “11 Октомври”

Стружани масовно поставуваат македонски знамиња во пресрет на “11 Октомври”

Сподели

Стружани масовно се одзваа, на повикот од Каприкорн 2010, поставуваат државни знамиња во пресрет на “11 Октомври”. Но се појавија и проблеми.

 

 Комуналните  инспектори им забрануваат да подигнуваат македонски знамиња на јавни места.

- Интересот е огромен значи во текот на денешниот ден се јавија околу седумстотини граѓани да подигнат знаме. Но имавме проблеми со општинската власт се појави комунален инспектор и не спречи во нашата активност. Веднаш прекинавме да поставуваме знамиња иако не постои законска одредба да не спречи македонското знаме да се поставува во пресрет на празник, вели за “Охриднет “ Васко Јолески од “Каприкорн 2010” Струга.

Онаму каде што македонците  поставуваат македонски знамиња низ градот, веднаш до нив непознати личности  ставаат албанско знаме. Стружани се сомневаат дека тоа го прави јавното комунално претрпијатие.

- “Каприкорн 2010” испровоцирани и изреволтирани од игнорантскиот однос од страна на општинската власт во изминатите осум години во однос на поставувањето на државни знамиња за време на државен празник се одлучивме кога веќе тие не ги поставуваат да ги поставиме ние,   вели Васко Јолески

 Како што вчера објави Охриднет "Каприкорн 2010" револтирани од односот на локалната самоуправа, која изминативе месеци не поставува државни знамиња во пресрет на националните празници   ги повика стружани сами да поставуваат македонски знамиња.

 Во градот на мостовите ниту на “Илинден” ниту на “8 ми Септември” не се вееше македонското државно знаме. Затоа стружани одлучија  на “11 Октомври” македонските знамиња да се веат по балконите и прозорите на  струшките куќи.

 

 

  • Granit

ФОТО

 

ПРИДРУЖЕТЕ НИ СЕ НА FACEBOOK