Чет04272017

Последна промена10:12:52 AM

Back Вие сте на: Home Вести Вевчани Промоција на книгата ,,Лековитите билки" на Петар Мојсоски

Промоција на книгата ,,Лековитите билки" на Петар Мојсоски

Сподели

На 6 Ноември оваа година,се одржа промоција на книгата „Лековитите билки за лекување на органите за дишење“Промотори на книгата беа Проф.д-р Билјана Бауер професор на Фармацевскиот факултет при Универзитетот Св.„Кирил и Методиј“-Скопје,Професор д-р Здравко Крстаноски од Охрид и Д-р Милош Мојсоски,доктор по медицина.


Во својата промотивна реч Крстаноски истакна дека се работи за искучително значаен автор и тека Петар Мојсоски во својот досегашен творечки опус има објавено четири стручни наслови и еден прирачник,сите посветени на лековитите растенија.
Тогаш со право може да кажеме дека Петар Мојсоски и ако уште млад неуморно твори,оставајќи трајни траги за идните генерации и поколенија.


Обраќајќи се на промоцијата на својата книга,Мојсоски,пред присутните што до последно место го исполнија холот на НУ –Центар за култура „Браќа Миладиновци„ во Струга,и во присуство на голем број професори,доктори на наука и други љубители на пишаниот збор,тој вели дека и понатаму продолжува со истражувањата и пишувањето,за што доби силен аплауз и честитки.


Свое обраќање на промоцијата имаше и соработникот,фото репортерот,новинар и публицист Стојан Кукунешоски,кој истакна дека книгата содржи 128 страници и 125 фотографии изработени во колор на студентот по фармација Томислав Мојсоски,што на книгата и дава уште подобар сјај.
Најновата книга на Петар Мојсоски,ги опишува лековитите растенија што не се далеку од нас:листовите,кората,цветот,плододот,семето и коренот од лековитите билки,претставуваат нејзинилекови.
Прирорадата понекогаш знае да бида многу дарежлива,па така во една личност да стои два големи уметнички талента,на пример истакнат фармацевт и талентиран пишувач на стручни наслови,аптекар – учебникар,толку се испретплетени што едно без друго не може да се посматраат ниту да се толкуваат.Таков е случајот ,со Петар Мојсоски.Како славните писатели биле талентирани сликари како на пример:Виктор Иго,Гете,Вилијам,Чарлс Буковски,Бодлер и други.
Можеме да заклучиме дека книгата е пишувана читко,разбирливо,интересно,топлп,искрено и во народен дух,што е уште еден плус повеќе дека вакви и слични книги треба да има почесто,зашто со нив и преку нив сме посигурни истакнува Кукунешоски.


На крајот да завршиме со цитатот на кинескиот император Лао Це,кој пред 3 000 години рекол „Ако не посадиш дрво,ако не изградиш куќа,ако не формираш семејство и ако не напишеш нешто на папирус како да не си живееал“
А,нашиот автор Петар Мојсоски е истакнат во хоткултурната дејност и има засадено илјадници дрвца,има изградено куќа на три ката,има прекрасно семејство,има напишано и објавено многу написи во стручни списанија и сега не дарува со своја четврта книга.
Значи Петар Мојсоски живее.

автор СТОЈАН КУКУНЕШОСКИ

  • Granit

ФОТО

 

ПРИДРУЖЕТЕ НИ СЕ НА FACEBOOK