Чет01192017

Последна промена01:29:52 PM

Back Вие сте на: Home Вести Вевчани Се разубавува туристичко Вевчани

Се разубавува туристичко Вевчани

Сподели

Се уредува туристичко Вевчани. Привршува изградбата на кејот на Вевчанска река. Во автентичен стил од камен и дрво шеталиштето ќе биде уште едно препознатливо место за рекреација на туристите.


Воедно привршува и уредувањето на Вевчанските извори. Се изгради паркинг простор, дрвени мостови, пешачки патеки, а ќе се поставуваат и клупи за одмор и јавни тоалети.

- Ќе се овозможи сега на туристите подобар пристап до изворите и посигурно паркирање. Паркингот ќе биде под видео надзор, ноќе ќе биде осветлен има клупи, тоалетите ќе бидат тука, изјави Цветомир Угриноски градоначалник на општина Вевчани.

Расте бројот на туристи кои ја посетуваат општина Вевчани. Во лето повеќе но и во зима, за викенди доаѓаат бројни домашни и странски туристи.

- Туристи им9аме сигурно во летниот период најмногу но и есенва не е лошо. Вевчани имаме голема посетеност еве во моментов има десетина англичани кои веројатно работат на некоја програма да носат поголеми тури. Беа пред месец дена сега се вратија повторно од Лондон поставуваат свои услови кои веројатно ќе можеме да ги исполниме, вели Угриноски.

Партерно се уредува и просторот околу спортската сала и училиштето, се гради и амфитеатар. Во автентичен стил се изградија повеќе улици а наскоро почнува и изградбата на обиколницата во Вевчани, идната година ќе се гради и повеќенаменското игралиште.

Новинар Соња Рилковска
канал 5 ТВ 

  • Granit

ФОТО

 

ПРИДРУЖЕТЕ НИ СЕ НА FACEBOOK