Сре02222017

Последна промена07:46:07 PM

Back Вие сте на: Home Вести Вевчани Уште многу значајни проекти за Вевчани

Уште многу значајни проекти за Вевчани

Сподели

Министерот  за финансии Кирил Миноски денеска задоволен од посетата на општина Вевчани.

Според него локалната власт направи многу за подобрувањето на квалитетот на живеење во општината. 

-Имав прилика да видам што се е направено изминативе неколку години. И навистина воодушевува дека со едн симбиоза и добра соработка меѓу  локалната и централната власт може да се креираат една вакви перфектни резултати. Направен е значаен исчекор во делот на образованието, здравството, инфрасртруктурата условите за спортување, рече Миноски. 

Тој најави дека и во иднина продолжуваат многу значајни прокети во Вевчани.

-Имаме амбициозна агенда во престојниот период. целта ни е да се подобрат условите за креирање на бизнис веќе е највен проектот за рурални развојни зони и сметаме дека преку овој проект ќе привлечеме нови инвестироти и врабтување, додаде Миноски.

- Чест ми е и задоволство што овде во гсти е министерот за финансии. Го запознавеме со се што е изградено, изминативе години, што се гради деенс и што ќе градиме во следните години. Можам да камжам дека сум задоволен од соработката со владата и со локалната самоуправа односно со моите вработени. Добрата соработка е клучот на успехот, рече Цветомир Угриноски градоначалник на општина Вевчани. 

Според кандидатот за пратеник на ВМТО ДПМНЕ Крсто Мукоски новата програма на коалицијата За подобра Македонија предвидува уште многу проекти за Вевчани.

-И понатаму ке продолжиме со уште мнгу нови проекти за Вевчани. Еве неколку  што се исклучително важни. Во 2017 година ќе биде завршена заобиколницата во Вевчани. ќе се изгради мултифункционално игралиште, ќе се доизгради кејот на Вевчанска река, од исклучително значење е со помош на Владата на Рм да се обезбедат инвеститори кои заедно со општината ќе ги изградат скијачките терени а Јабланица, истакна Мукоски. 

  • Granit

ФОТО

 

ПРИДРУЖЕТЕ НИ СЕ НА FACEBOOK