Чет05252017

Последна промена11:31:35 AM

Back Вие сте на: Home Вести Вевчани Вевчанскиот карневал почнува на 10 Јануари

Вевчанскиот карневал почнува на 10 Јануари

Сподели

Овогодишните свечености по повод празникот Василица,односно стара Нова година ќе започнат на 10 јануари ( вторник) со трибина посветена „Перспективите на руралниот туризам“ со посебен осврт на општина Вевчани.Водител на трибината е истакнатиот туризмолог проф.д-р.Никола Панов од Институтот за географија при природно-математичкиот факултет Скопје.


На 11 јануари (среда)ќе биде промовиран романот „Пред шарени врати„на македонскиот писател,вевчанецот Косте Шутиноски кој живее во Битола.Промотор на неговата втора книга е истакнатиот македонски писател и литературен критичар Петко Шипинкаровски.
Третиот ден од карневалските свечености Василица 2017 во Вевчани ќе биде отворена изложба на слики од македонскиот ликовен уметник Ниче Василев од Скопје.Тој неколку години поред е учесник на меѓународната ликовна колонија „Вевчански видувања“ во Вевчани.


Во музичкиот дел на манифестацијата на 12 јануари (четврток) ќе настапат македонските рок групи ДНК и Нокаут,а некаде пред полноќ ќе се претстават и Фрајле ,гостинките од Нови Сад-Србија.


На 13 јануари (петок)музичката програма ќе продолжи со македонските фолк ѕвезди Анита Наковска,Јордан Митев,додека Православната нова годинаќе биде пречекана со настапот на вевчанско-подгоречкиот пејач Ефто Пупиноски.
Вевчанскиот карневал 2017 ќе се одвива во попладневните часови на 13 јануари а василичарите горно и долно малски,свеченоста ќе ја продолжат во текот на ноќта посетувајќи ги вевчанските домови за да завршат на пладне на 14 јануари (сабота)на сред село.


На конференцијата за новинари,од печатените и електронски медиуми што се одржа на 4 јнуари во Скопје,програмата ја претставија и за карневалот Василица 2017 зборуваа Цветомир Угриноски,градоначлник на општина Вевчани,Драган Неделковиќ,заменик министер за култура во името на спонзорот Министерството за култура на Република на Македонија и Мишо Китаноски познат писател,публицист и хроничар на Вевчани.
И оваа година се очекува бројот на посетителите и туристите да биде повеќе од 10 000,а во Вевчани сите туристички капацитети се подготвени да ги примат и да ги угостат посетителите со вевчански специјалитети.

автор СТОЈАН КУКУНЕШОСКИ

  • Granit

ФОТО

 

ПРИДРУЖЕТЕ НИ СЕ НА FACEBOOK