Нед12172017

Последна промена03:30:45 PM

Back Вие сте на: Home Вести Вевчани Денес централно дефиле на маските во Вевчани

Денес централно дефиле на маските во Вевчани

Сподели

Деновиве сите патишта водат во Вевчани.  Денес се случува централната  манифестација на најстариот карневал во земјава, дефилето на маските. 

Во 14 часот маските од Горно и Долно маало ќе тргнат и ќе се сретнат на плоштадот, каде ќе го изиграат Василичарското оро.

Покрај традиционалните маски зет, невеста, Глупавиот Август и Гаволите без кои карневалот неможе да започне се очекуваат уште многу маски реални, смешни, страшни изработени до совршенство, по што вевчанци се надалеку познати.

Синоќа пред бројната публика во Вевчани настапија   домашните групи ДНК и Нокаут, а пред полноќ  се претставија  и популарните ,,Фрајле’’ од соседна Србија. Денес е народна фолк вечер.  Во 21 часот присутните ќе ги забавува фолк пејачката Анета Наковска, додека Православната нова година ќе биде пречекана со настапот на Ефто Пупиноски, кој што по потекло е од Вевчани.

Карневалот се слави во чест на верскиот празник Свети Василиј Велики – заштитник на вевчанските василичари, на Вевчани и на вевчанци.

Во изминативе години, дневно околу 50.000 луѓе од земјава и странство го посетувале карневалот. Се смета дека Вевчанскиот карневал е постар од 1400 години, и со паганските обичаи се отсликувала потребата на луѓето преку маски да се ослободат од злото и црните мисли. Културно забавната манифестација од 1993 година е член на Здружението на европските карневалски градови, pi[uva Fokus.mk. 

  • Granit

ФОТО

 

ПРИДРУЖЕТЕ НИ СЕ НА FACEBOOK