Сре08212019

Последна промена06:36:46 PM

SCREEN

Cpanel

          

  • sileks
Back Вие сте на: Home Вести Вевчани Здравствениот дом во Вевчани - успешна приказна

Здравствениот дом во Вевчани - успешна приказна

Сподели

Здравствениот дом во Вевчани е  успешна приказна.  Децении наназад квалитетно опслужува 25 000 жители од  регионот, изјави  министерот за здравство Никола Тодоров при денешната посета на Вевчани.

 

- Добро функционира електронскиот систем за закажување, дијагностика одлично функционира Здравствениот дом во Вевчани. Во овој дел од земјава можам слободно да кажам дека имаме добро поставен здравствена институција која дава квалитетна услуга ,вели Тодоров.

 

Здравствениот дом во Вевчани располага со  лабараторија,брза помош,  амбулантни возила и специјалисти.

- Овој здравствен дом покрива цел Дримколски регион десетина населени места и има подршка од локалната самоуправа и министерството за здравство, вели Цветомир Угриноски градоначалник на општина Вевчани.

Струшкиот градоначалник Зијадин Села  неодмна побара жителите на Подгорци, Лабуништа, Октиси, Татеши  и  Велешта наместо во здравствениот дом во Вевчани да се лекуваат во Струга.

Според него жителите на Струга не може да добиваат  здравствена заштита  во Вевчани.

- Здравствените услуги бесправно ги користи една општина или село кое не брои повеќе од 2.000 жители, од друга страна здравствена услуга користат таму над 20.000 жители на  Струга, вели Зијадин Села градоначалник на општина Струга.

Министерот е против ваквата идеја.

-  Кога имаме стабилна здравствена институција нема никаква логика таа да се уништи да се раздели и деградира. Имаме добар систем треба да го негуваме и унапредуваме , истакна Никола Тодоров министер за здравство.

Министерството за здравство комплетно го  реновира парното греење, прозорите и вратите во здравствениот дом во Вевчани,  кој  денеска одбележа два значајни јубилеја 50 години ренген и 10 години мамограф.

 

 

 

 

  • Granit

ФОТО

 

ПРИДРУЖЕТЕ НИ СЕ НА FACEBOOK