Сре08212019

Последна промена06:36:46 PM

SCREEN

Cpanel

          

  • sileks
Back Вие сте на: Home Вести Вевчани Градоначалникот Угриноски на работни состаноци во Скопје

Градоначалникот Угриноски на работни состаноци во Скопје

Сподели

Денеска  градоначалникот на општина Вевчани Цветомир Угриноски со својот тим остварија работни состаноци во министерство за финансии каде беа договорени понатамошните активности за обезбедување на финансиски средства за доизградба на кејот на Вевчанска река.  

 

Угриноски денеска воедно  имаше  работен состанок и во Министерството за транспорт и врски,  каде беа доставени проектите за доизградба на канализациона мрежа "Север - Зодишта" како и проектот за изградба на патниот правец "Енерго Вевчани - Здравствен дом Вевчани".

Посетата во Скопје Угриноски ја искористи и за подготовките за Вевчанскиот карневал. Вчера тој  оствари средба и  со министерката за култура Елизабета Канческа Милевска.  На состанокот беше разговарано на повеќе теми од областа на културата, а посебен акцент беше ставен на "Вевчанскиот карневал 2014".

  • Granit

ФОТО

 

ПРИДРУЖЕТЕ НИ СЕ НА FACEBOOK