Вевчани прибира понуди за изградба на локален пат
- Детали
- Објавено на Вторник, 12 Ноември 2013 22:54
Општина Вевчани денес објави тендерска документација - оглас за прибирање понуди за изградба на нов локален пат од „Света Петка” до “Св.Варвара“.
Огласот е објавен на веб страницата на Министерството за финансии. Заинтересираните изведувачи, понуди може да испраќаат од денес до 25 Ноември.
- Засега овој пат е земјен и не е тампониран. Со асфалтирањето ќе им се олесни движењето на жителите од повеќето куќи кои живеат на овој потег, вели Угриноски.
Минатата недела градоначалникот на општина Вевчани во Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој на Р.М. доби финансиска поддршка во висина од 3.318.119,00 денари. Токму овие средства општина Вевчани ќе ги инвестира во изградба на локален пат. Делница "Бебек-фарм до св.Варвара".
Главен критериум за избор на најповолна понуда е најниската цена. Патот ќе биде долг еден километар.
Ова е линкот каде што е објавен огласот: