Сре11222017

Последна промена12:04:19 AM

Back Вие сте на: Home Вести Вевчани ИЗЛОЖБА НА УМЕТНИЧКИ ФОТОГРАФИИ ОД АНАСТАС ЌУШКОСКИ ВО ВЕВЧАНИ

ИЗЛОЖБА НА УМЕТНИЧКИ ФОТОГРАФИИ ОД АНАСТАС ЌУШКОСКИ ВО ВЕВЧАНИ

Сподели

На 11 ноември во 17 часот во 2017 година во Вевчани се случи несекојдневен настан,со отварањето на самостојната изложба насловена „ЧАСОВНИКОТ“ од неуморниот хроничар на Вевчани Анастас Ќушкоски.

 

Во рамките на проектот „Нов културен бран“,во Клубот на пензионери во Вевчани беше поставена двесетатта самостојна изложба на уметнички фотогрфии на Ќушкоски,роден 1942 година во Вевчани.Има завршено Економски факултет во Прилеп.На културената јавност и е познат како драмски автор,сценарист,режисер,поет,истражувач но и како пасиониран фотограф.Со фотографија се занимава од 1957 година,а перманентно од 1980 година.Досега приредил 20 самостојни тематски изложби во земјава и старнство.За својот труд има добиено повеќе признанија и награди.

Изложбата носи наслов „Часовникот“е одлична можнаст за сите вљубеници во ваков вид уметност да ги видат и доживеат делата на Ќушкоски.

Во преполнетиот пензионерски Клуб во Вевчани,оваа импресивна изложба за отворена ја прогласи акедмскиот сликар од Охрид Славче Упевче,кој минатата година одбележа 45 години ликовно Творештво.

За сликописот „Часовникот“кој се мери со 24 отчукувања во едно деноноќие,Ќушкоски ни се претстави со 24 уметнички фотографии.Во конкретниов случај,како објект на фотообјективот е земена Саат кулата од градот херој Прилеп.

А акедмскиот сликар Славче Упевче во својата беседа за изложбата и за авторот вели:Мајсторот Анастас Ќушкоски е фотограф со мечта:досега организирал бројни самостојни изложби,меѓу нив и оние кои сум имал чест да му ги промовирам во Центарот за култура во Охрид и со вечерашнава изложба ја промовира неговата експресија преку фотографии на Прилепската сат кула претставена во една необична имагинарна позиција која благодарение на новите технологии на фотоиграфската техника е достапна и кај нас.

Човекот е роден со два фотоапарати,затоа што нашите очи не се ништо друго туку фотоапарати.Оние кои добро знаат што е фотографија сваќаат дека окото само технички и технолошки се трансформирало во помошно средство кое ни помага да го бележиме она што што се случува околу нас,а ако ние тие забелешки не ги зачуваме,тоа само го потврдува она што го кажува унгарскиот поет Шандро Петефи.

На вечерашнава изложба двата фотоапарати сместени во очите на Анастас Ќушкоски ја регистрирале патината,уметност и шароликоста на боите кои времето,дождот,сонцето и ветерот ги оставиле врз импозантната структура на Прилепскатасат кула во една надреалистична форма за која тој самиот вели дека потсетува на делата на познатиот шпански мајстор на надреализмот – Салвадор Дали.

автор СТОЈАН КУКУНЕШОСКИ

  • Granit

ФОТО

 

ПРИДРУЖЕТЕ НИ СЕ НА FACEBOOK