Сре08212019

Последна промена06:36:46 PM

SCREEN

Cpanel

          

  • sileks
Back Вие сте на: Home Вести Вевчани Објавен огласот за изработка на физибилити студија за ски центарот на Јабланица

Објавен огласот за изработка на физибилити студија за ски центарот на Јабланица

Сподели

Денеска  АД МЕПСО  објави оглас  за јавна набавка за изработка на физибилити студија и мастер план за развој и изградба на скијачкиот центар на планината Јабланица преку јавно приватно партнерство.

 

Современиот  ски центар на Јабланицаќе се гради  на месноста Јанков Камен над Вевчани. Тука ќе никне  викенд населба, хотели и  три и пол километри долг ски лифт.Проектот ќе се реализира преку јавно приватно партнерство. Според очекувањата ски центарот  ќе го гради фирма од Австрија.Ски центарот ќе значи многу за охридско струшкиот регион.

 

- Непроценливо значење ќе има овој ски центар. Не само за Вевчани туку и за Охрид и за  Струга. Тука во близина ни е и аеродромот. Нема да чекаме гости само во лето, ќе имаме туристи преку цела година вели Угриноски.

 

Според првиот човек на општина Вевчани  Јабланица има одлични,  перфектни услови за изградба на ски центар. Снег има  во големи количини и тоа повеќе од седум месеци во годината. Денес екипи од Хидрометеролошки завод Скопје поставија и мерна станица за дополнителна анализа на условите.За изработка на овој проект од Мепсо преку владата на Р Македонија  се обезбедени 250 000 евра. 

 

  • Granit

ФОТО

 

ПРИДРУЖЕТЕ НИ СЕ НА FACEBOOK