Нед12082019

Последна промена08:27:50 PM

SCREEN

Cpanel

          

  • sileks
Back Вие сте на: Home Вести Вевчани Угриноски: Претседателот на СДСМ Вевчани времето го троши на шпекулации и лаги

Угриноски: Претседателот на СДСМ Вевчани времето го троши на шпекулации и лаги

Сподели

Општина Вевчани реагира на интервјуто на претседателот на ОО СДСМ Вевчани, г. Сашо Јанкоски објавено на интернет сајтот www.sdsm.org.mk.

 

Во делот цитирам: „Иако постојат локални инвеститори кои би сакале да инвестираат во отворање на нови работни места во Општина Вевчани (на пример пекaрата АЛМИКО), градоначалникот Угриноски поради тоа што не го дале нивниот глас за него на локалните избори не им дава дозвола за градба на нов објект, а им се заканува и дека ќе им го сруши и постоечкиот“.

За жал, можеме да констатираме дека кандидатот за градоначалник на општина Вевчани, а сега претседател на ОО СДСМ Вевчани своето време го троши во обиди со шпекулации и извртување на вистината да го привлече вниманието на јавноста во Вевчани и да го зголеми и онака слабиот рејтинг на партијата, стои во писмената реакција од кабинетот на градоначалникот Угриноски.

Во однос на неговите изјави сакаме јавно да го прашаме г. Јанкоски на кој начин утврдил дека градоначалникот не им издава одобрение за градба на нов објект? Дали е поднесено такво барање? Дали објектот (сегашната пекара) е сопственост на локалните инвеститори што ги споменува или тие се закупци во истиот? Колку пари закупнина се плаќа за користење на тој објект и во чии џебови се инкасираат тие средства? Во интерес на вистината ја информираме јавноста дека општина Вевчани ќе им помогне на сите потенцијални инвеститори кои сакаат да градат објекти на територијата на општина Вевчани со цел отворање на нови работни места и дека до овој момент до општина Вевчани не е доставено никакво барање за издавање на одобрение за градба. Исто така, едно од ветувањата во програмата за локалните избори 2013 година беше решавање на статусот на поранешното општествено претпријатие „Дримкол“. Во оваа насока во иднина уште поинтензивно ќе се залагам имотот на ова претпријатие да им припадне на граѓаните на општина Вевчани и да се спречат одредени поединци во намерата овој имот да продолжат да го распродаваат за свои лични интереси. Апелираме: ОО СДСМ Вевчани да има политички одговорен пристап кон општина Вевчани и целосно да ги проверува информациите пред секоја нивна изјава дадена за пошироката јавност, стои во реакцијата на градоначалникот на општина вевчани , Цветомир Угриноски

 

 

  • Granit

ФОТО

 

ПРИДРУЖЕТЕ НИ СЕ НА FACEBOOK