Пет10192018

Последна промена10:41:53 PM

Back Вие сте на: Home Вести Вевчани Вевчани очекува илјадници гости за карневалот

Вевчани очекува илјадници гости за карневалот

Сподели

Од 12ти до 14ти јануари во Република Вевчани! 14 века традиција и вистинско василичарско доживување на најголемиот европски фестивал на сатирата.

И годинава богата забава за бројните туристи кои се очекуваат во општината. 

Музичката програма на карневалот почнува на 12 јануари, со групите „Плутос даут“ и „Фолтин“ и со диџејот Кирил Џајковски, а централниот настан, дефилето на маските, е наредниот ден. Тогаш ќе настапат и „Чалгија саунд систем“, оркестарот на Џамбо Агушев и Блага Петреска.

- „Бидејќи е викенд, оваа година очекуваме многу посетители. Овој карневал е уникатна критика на процесите од претходната година, театар на сатирата и нуди слобода каква што ретко каде може да се почувствува“, изјави градоначалникот на Вевчани, Сашо Јанкоски.

„Вевчанскиот карневал е бренд на Македонија и јас од пред неколку години го имам вевчанскиот пасош. Ние како Министерство во иднина го гледаме карневалот како можност за развивање на руралниот и на културниот туризам“, рече министерот Алаѓозовски.

 

  • Granit

ФОТО

 

ПРИДРУЖЕТЕ НИ СЕ НА FACEBOOK