Вто01232018

Последна промена10:40:05 PM

Back Вие сте на: Home Вести Вевчани На сила се мерки за безбеден Вевчански карневал

На сила се мерки за безбеден Вевчански карневал

Сподели

Охридската и струшката полиција, заеднички ќе спроведуваат безбедносни мерки за непречен тек на Вевчанскиот карневал.

Со цел безбедно и непречено одвивање на манифестациите по повод годинешниот Вевчански карневал, Секторот за внатрешни работи Охрид ги презема сите неопходни безбедносни мерки на превентивен и оперативен план.

- Во текот на карневалските денови, мерките на СВР Охрид и полициската станица од Струга се насочени кон зачувување на стабилна безбедносна состојба на целото подрачје во јавниот ред и мир, за спречување на казнени дела и регулирање на сообраќајот.Со оглед дека јавните карневалски манифестации ќе се одржуваат на отворен простор и во присуство на зголемен број граѓани и гости од земјава и странство, полициски службеници ќе вршат физичко и сообраќајно обезбедување на карневалските манифестации, информира м-р Стефан Димоски,портпарол на СВР Охрид.


Целокупниот сет безбедносни мерки за непречено одвивање на Вевчанскиот карневал, деновиве беше презентиран на работна средба помеѓу претставници на СВР Охрид и на локалната самоуправа од Вевчани. Притоа, од локалната самоуправа беа побарани дополнителни активности на нивните редарски и други служби во насока на подобрување на севкупните состојби за непреченено одржување на карневалот.
Од работната средба произлезе апел до граѓаните, во текот на карневалските прослави да се воздржат од прекумерна употреба на алкохол, да не управуваат возила под дејство на алкохол, како и воздржување од употреба на огнено оружје, петарди и други пиротехнички средства.

  • Granit

ФОТО

 

ПРИДРУЖЕТЕ НИ СЕ НА FACEBOOK