Вто09252018

Последна промена10:39:09 AM

Back Вие сте на: Home Вести Вевчани ФОТО: Заврши Вевчанскиот карневал

ФОТО: Заврши Вевчанскиот карневал

Сподели

Со последното Василичарско оро точно на пладне и ритуалното палење на маските на сред село денес заврши   Вевчанскиот карневал.

 По вевчанските улици деновиве  покрај ѓаволите, глупавиот август, зетотовите и невестите, прошетаа и Доналд Трамп, Меркел, Обама, Радмила Шеќеринска и други  страшни, смешни реални маски изработени до совршенство. Во карневалската пародија  беа одбележани политичките и општествените збиднувања во земјава и светот.

На тапет се најдоа  двојазичноста, загадениот воздух, решавањето на спорот со името, релациите МПЦ БПЦ, влезот во ЕУ и НАТО и  настаните од Собранието.

- „Без влакно на јазикот без перде на очите се критикува се живо. Без разлика дали е тоа власт или опозиција што на крајот на крауиштата е еден крунски доказ за Вевчани дека ја има демократијата малку можеби самобендисано но ја имаат во својата ДНК“, вели професор Симон Лешоски.

Вевчанскиот карневал постои од постоењето на селото. Тоа  е театар без режија и граници. Досетливите василичари  го истакнуваат слободниот дух.  Дури 40% од населението се маскираат овие денови.

- „Порано беше само мажите но последниве две децении се маскираат и женските: Порано се маскираа срамежливо со тенденција да не ги препознаат  но сега веќе апла се отскриваат и се добива една родова еднаквост“, додава Лешоски.

Туристите уживаа во карневалската магија која е спој на паганското и христијанското.

-“Се што сакам да видам е Вашата традиција и заедно да ја почуствувае забавата“, вели една гостинка од Турција.

-„Да се забавуваме еве и гостите од Турција да ги прошетаме, воодушевени се“, вели гостинка од земјава.

Вевчанци со карневалот останаа верни на традицијата стара 15 векови,  а  општина Вевчани стана бренд, топ дестинација за Православна Нова година.  Десетици илјади гости деновиве  беа дел од најголемиот фестивал на сатирата.

 

Новинар Соња Рилковска

Канал 5 ТВ

  • Granit

ФОТО

 

ПРИДРУЖЕТЕ НИ СЕ НА FACEBOOK