Чет06212018

Последна промена04:38:54 PM

Back Вие сте на: Home Вести Вевчани Продолжен е притворот на пратеникот од Вевчани, Крсто Мукоски

Продолжен е притворот на пратеникот од Вевчани, Крсто Мукоски

Сподели

Апелацискиот суд му го продолжи притворот на пратеникот од Вевчани, Крсто Мукоски.

Апелацискиот суд Скопје ја одби жалбата на пратеникот Крсто Мукоски и одлучи да го прифати првостепеното решение на Основниот суд Скопје 1 со кое му беше определена мерка притвор. Според одлуката на второстепениот суд, Мукоски останува во Истражниот затвор во Шутка. Апелација на седница одлучила пратеникот Крсто Муковски да остане во притвор.Претходно беа одбиени жалбите и на охридските пратеници Љубен Арнаудов и Сашо Василевски како и на пратеникот Јохан Тарчуловски и поранешниот министер за внатрешни работи Митко Чавков. За жалбите на Жаклина Пешевска, Љупчо Димовски и Борис Дамовски сè уште нема одлука.До сега Апелацискиот суд не прифати ниту една жалба која беше поднесена од осомничените за минатогодишните настани од 27 април, а со која тие бараа да им се укине мерката притвор и да им биде определена поблага мерка за обезбедување на присуство. За сите осомничени беа потврдени првостепените решенија донесени од Основниот суд Скопје 1.Не беше прифатено ниту барањето на Вишото јавно обвинителство Скопје на актерот Владо Јовановски да му биде определена мерка куќен притвор. И за него Апелацискиот суд Скопје донесе одлука да му биде продолжен притворот.

 

  • Granit

ФОТО

 

ПРИДРУЖЕТЕ НИ СЕ НА FACEBOOK