Нед10212018

Последна промена05:37:09 PM

Back Вие сте на: Home Вести Вевчани Се враќаат семејните грбови во Вевчани

Се враќаат семејните грбови во Вевчани

Сподели

Се возобновува традицијата за изработка на  семјни грбови во струшко и Вевчани.

На влезот од куќите на влијателните личности од памти век стоеле изработени лични  грбови со уникатни симболи на препознатливост за корените на  семејната лоза. Денес повторно се  попопуларни. Многу хералдичари и уметниците веќе имаат нарачки за изработка на семејни грбови.

Луѓето на овој начин сакаат да го одбележат своето постоење,  но и да го зачуваат својот интегритет, вели професорот Симун Лешоски од Вевчани кој одамна има свој семеен грб.

-„ Многу е убаво тоа практично е како печат на една фамилија. Секоја фамилија си има по некои специфики, надарености. Јас кај мене имам ставено да речеме на тој грб имам четка сликарска затоа што слика, перо дршка симн ми пишува,копија од Свети Горѓија затоа што ми е куќна слава“ , вели Лешоски.

Семејните грбови го покажуваат статусот на луѓето во заедницата. Симболите се различни, а при нивната изработка, се проучува семејната лоза, традициите и карактеристичните обележја, кои го  одделуваат семејството  од другите.

-„Сфаќаат луѓето дека тоа е многу добра работа. Тоа е како нацртано презиме како да речам. Насликано презиме.1040 Место да прочиташ да речиме Лешоски ќе го видиш грбот и веќе знаеш“. Тука се потенцираат сите дарби на тоа семејство“, додава Лешоски.

Обичајот за  поставување на семејни грбови бил прекинат во социјализмот. Но некои видни граѓани со долга семејна традиција, никогаш  не се откажале од овој  белег, по кој  се идентификуваат самите, нивниот имиџ, еснафскиот, фамилијарниот и општествениот статус.

Новинар Соња Рилковска

Канал 5 ТВ 

  • Granit

ФОТО

 

ПРИДРУЖЕТЕ НИ СЕ НА FACEBOOK