Угриноски на средба со Трајко Велјаноски
- Детали
- Објавено на Вторник, 19 Ноември 2013 20:16
Градоначалникот на општина Вевчани г. Цветомир Угриноски денес во посета на Собранието на Република Македонија каде што оствари работна средба со Претседателот на Собранието на Република Македонија, Трајко Велјаноски.
Проектите од програмата на градоначалникот Цветомир Угриноски беа во фокусот на разговорите при денешната средба со Претседателот на Собранието на Република Македонија.
Градоначалникот на Претседателот на Собранието на РМ му ги претстави реализираните проекти во изминатиов седум месечен период, тековните проекти и идните проекти на општина Вевчани.
Беше констатирано обострано задоволство од досегашното работење на општина Вевчани, а Претседателот на Собранието на Република Македонија истакна дека од особено значење е да се реализираат што поголем број на проекти како за Вевчани така и за целиот регион.
Претседателот на Собранието Трајко Велјаноски укажа дека во најскоро време ќе ја посети општина Вевчани.