Сре12122018

Последна промена10:38:24 AM

 

Back Вие сте на: Home Вести Вевчани Вевчани домаќин на пензионерките спортски игри

Вевчани домаќин на пензионерките спортски игри

Сподели

Во спортскиот комплекс во Вевчани на 9 јуни 2018 година се одржаа 23-те регионални спортски натпревари од 4 –от регион во организација на Сојузот на здруженија на пензионерите на Македонија,а за прв пат домаќин ЗП Вевчани.


Од одржувањето до денес на регионалните спортски натпревар од четвртиот регион во кој се натпреваруваат покрај домаќинот ЗП Вевчани,учествуваат уште шест здруженија на пензионери:ЗП Струга,Охрид и Дебарца,,ЗП Кичево,ЗП Македонски Брод и ЗП Лабуништа.Спортските натпревари се одржаа во ново изградениот спортски комлекс,„Владо Попоески“каде условите за одвивање на сите 11 спортски дисциплини беа на завидно ниво,а терените за таа намена беа благовремено подготвени од страна на комисијата за спорт при ЗП Вевчани.


По прибирњето на сите учесници во спортската сала,добредојде на гостите и на учесниците на спортските натпревари од името на домаќинот прв им посака успех во натпреварите Витомир Костојчиноски претседател на ЗП-Вевчани,кој прито кусо се осврна на значењето на спортските натпревари.Додека пак градоначалникот наопштина Вевчани Саша Јанкоски ги прогласи за отворени 23 –тите регионални спорски натпревари од 4 регион.
Оваа спортска средба,рече тој е добра можност за дружење и им посака на сите да понесат убави спомени и сеќавања од Вевчани.Спортските натпревари од овој регион преку седумте здруженија кои зедоа учество опфаќа голема бројка на пензионери и од година во година се се помасовни и поуспешни.Натпреварите добиваат и во квалитет а ги афирмираат и здруженијата па затоа се подржани и од Локалните самоуправи.
СЗПМ е организатор и покровител и финасиски ги помага овие активности истакна меѓу другото претседателот на комисијата за спорт за овој регион Ристо Трајкоски .Од името на СЗПМ со многу убави зборови за Вевчани,Вевчанци ,за организаторот т.е за малото здружение на пензионери се обрати и секретаротна ИО на Сојузот на здруженија Станка Трајкоска,која ја искористи можноста на градоначлникот на општина Вевчани да му подари монографија по повод 7О години на СЗПМ.


Пензионерите кои се натпреваруваа во единасет спортски дисциплини во машка и женска комкуренција,најдобри резултати постигнаа пензионерите од Охрид и Дебарца кои освоија 238 бодови а зад нив се пензионерите од Струга со 179 бодоби ,а на третото место ЗП Кичево со освоени 99 бодови .Понив следува ЗП-Вевчани со 38 бода,Македонски Брод 32 и ЗП Лабуништа со 9 бодови.

Спортските натпревари започнаа и завршија благовремено според однапред одредената сатница со висок степен на организираност од сите аспекти.
На екипите кои освоија први места во поединечна конкуиренција и екипна конкуренција им врачија дипломи и признанија и на здруженијата учесници.
По успешно завршните натпревари,без приговори на судиите,и по поделувањето на признанијата започна незаборавно дружење во прекрасниот ресторан „Пелвец“во Вевчани каде дојде до израз соживотот преку разни облици,поздрвни зборови упатени до организаторот и со оро и песни .
СТОЈАН КУКУНЕШОСКИ

  • Granit

ФОТО

 

ПРИДРУЖЕТЕ НИ СЕ НА FACEBOOK