Чет07192018

Последна промена04:01:29 PM

Back Вие сте на: Home Вести Вевчани На 9-та ликовна колонија „Вевчански видувања“ концерт на Жељко Самарџиќ

На 9-та ликовна колонија „Вевчански видувања“ концерт на Жељко Самарџиќ

Сподели

Во организација на Меѓународната ликовна колонија „Вевчански Видувања, како и на Компанијата „ВИА“, на утре - 23 јуни (сабота), во 20 часот, во ресторанот „Виа Игнација“ во Вевчани, свечено ќе биде отворена Деветата меѓународна ликовна колонија „Вевчански видувања“.

На овој културен настан, свое обраќање ќе има истакнатата француска уметничка со виетнамско потекло, Ми – Ан Хо, по што ќе следува камерен концерт за учесниците и пријателите на Колонијата на регионалната музичка ѕвезда, Жељко Самарџиќ, како и на македонската поп икона, Драган Мијалковски.
Во духот на вкупните општествени трендови и настојувања, тема на овогодинешната ликовна колонија е:

-„Заедничките вредности помеѓу народите на Балканот како мост за развој на меѓусебното пријателство, почитта и разбирањето“, заради што од аспект на учесниците доаѓа до позначаен израз токму таквиот регионален пристап. Имено, во оваа смисла, на отворањето на Меѓународната ликовна колонија, потврдено е присуството на 40на најеминентни сликари, како од Република Македонија, така и од Грција, Бугарија, Словенија, Србија, Полска, Франција, Шведска како и држави од нашето непосредно соседство.
Почнувајќи од 2010та, секоја година на крајот на месецот јуни, во реномираниот ресторан „Виа Игнација“, во Вевчани, се организира Меѓународната ликовна колонија „Вевчански видувања“. На оваа реномирана културно-уметничка манфестација имаат земено учество над 200 еминентни ликовни уметници од Република Македонија и од странство.

 

  • Granit

ФОТО

 

ПРИДРУЖЕТЕ НИ СЕ НА FACEBOOK