Чет07192018

Последна промена04:01:29 PM

Back Вие сте на: Home Вести Вевчани Со незаборавен концерт на Желјко Самарџиќ започна Вевчанската колонија

Со незаборавен концерт на Желјко Самарџиќ започна Вевчанската колонија

Сподели

Вевчани неисцрпна инспирација за врвните светски сликари. Четириесеттина уметници и годинава    творат  на меѓународната уметничка колонија “Вевчански видувања”, што синоќа  свечено се отвори со ексклузивен концерт на Желјко Самарџиќ.

 Природните убавини во тивката планинска природа се основниот мотив за врвните  ликовни мајстори од различни генерации,  култури и сликарски школи.

-„Повеќе работам апстракција и ме инспирира се околу мене. Природата е супер и сигурно нешто добро ќе се изработи. Секогаш се во прашање чуствата но тоа е во мене а не поради колонијата“, вели Јури Самец уметник од Љубљана од Словенија.

-„Инспирацијата е како годишно време доаѓа нешто и оди а ние треба да го фатиме и така да го пренесеме.   Работам асоцијативна апстракција се што не опкружува  е асоцијација на нешто, да го пренесеме но не во реалниот свет. Основа на сите колонии е дружење меѓу уметниците“, вели уметник  од странство.

На Колонијата, учествуваат   уметници од Македонија, Грција, Бугарија, Словенија, Србија, Полска, Франција, Шведска и други земји.  Тие  творат  низ цело Вевчани. Ги отсликуваат Вевчанските извори, старите традиционални куќи,  автентичните порти и прозори, вевчанските сокаци, живописните дрвја  во природата и слично.

- „Како што нема граници меѓу уметниците, делата и инспирацијата и она што го црпат од Ввечани така народите во светот треба да гледаат во тој правец. Со нашите многубројни изложби во странство имаме голема посетеност придонесуваме за пренесување на таа порака“, вели Ефимија Угриноска организациски секретар  на вевчанската колонија „Вевчански видувања“.

Следните три недели светските уметници  ќе  творат на Меѓународна ликовна колонија, што по деветти пат се одржува во живописното Вевчани. Уметничките дела родени во падините на Јабланица  ќе бидат сместени во каталог но,  ќе се организираат  и изложби за пошироката јавност. Изминативе години врвните дела од ликовната колнија беа презентирани  ширум светските центри Њујорк, Париз и Москва.

Инаку синоќа на свеченото отворање на меѓународната колонија бројните гости во ресторанот Виа Игнација уживаа во незаборавниот настап на Драган Мијалковски и балканската ѕвезда Желјко Самарџиќ. 

Новинар Соња Рилковска

 

 

  • Granit

ФОТО

 

ПРИДРУЖЕТЕ НИ СЕ НА FACEBOOK