Чет12122019

Последна промена07:43:14 PM

SCREEN

Cpanel

          

  • sileks
Back Вие сте на: Home Вести Вевчани Стартува Вевчанскиот карневал 2019

Стартува Вевчанскиот карневал 2019

Сподели

 Деновиве сите патишта водат кон Вевчани.

За забавата при дочекот на Православна Нова година, според Јулијанскиот календар, вечерва во Вевчани на плоштад задолжени се „Кате и Нели ти реков“, „Баклава“, „Џубокс бенд“ и оркестар „Зурли и тапани“ од Вевчани.

Денеска напладне ќе почне главното дефиле на василичарите, каде се очекуваат над 1.000 поединечни и групни маски, а Вевчани и годинава ќе биде театар на отворено, без режија и сценарио. Покрај традиционалните маски на зетот и невестата, глупавиот август и ѓаволите, ќе бидат прикажани и маски со настани што ја одбележаа изминатата година. Вевчанци ќе кажат се, но до карневалското дефиле не откриваат во што ќе бидат маскирани.

Двете василичарски друштва Горна и Долна маала со зетот, невестата, двата ѓаволи, глупавите августи и останатите маски инспирирани од актуелните политички и секојдневни случувања во изминатите 12 месеци ќе продефилираат низ вевчанските улици. Вевчани ќе наликува на театар на отворено, а секое карневалско издание за вевчанци е доживување и инспирација за изработка на маска за следната година.

Во утринските часови традиционално невестите од двете маала заедно со гостите одат на Вевчанските извори да наполнат вода со која се прави вевчанскиот кашаник (зелник) во кој се става паричката. Кај оној што ќе се падне паричката ќе биде среќен и бериќетен во текот на целата година. Според традицијата, утре Василичарите ќе одат од куќа во куќа каде што има име Васил да му честитаат и околу пладне доаѓаат во центарот на Вевчани каде што ги играат василичарските ора. Манифестацијата ќе заврши со традиционалното палење на маските во центарот на Вевчани, во попладневните часови. Со палењето на маските се верува дека се ослободуваат од злото и дека годината ќе им биде среќна и бериќетна.

Вевчанскиот карневал, кој датира од настанокот на Вевчани, со традиција од околу 15 века симболизира два паралелни света, едниот му припаѓа на паганството, а другиот на христијанството. Задолжителни елементи се зетот и невестата кои се симбол на плодноста и продолжувањето на семејството, двата ѓавола, кои се олицетворение на злото и двајцата глупи августи кои ги штитат од злото. Со манифестацијата се одбележува христијанскиот празник Св. Василиј Велики или доаѓањето на новата година по стариот, Јулијанскиот календар, пишува МИА. 

  • Granit

ФОТО

 

ПРИДРУЖЕТЕ НИ СЕ НА FACEBOOK