Повторно пожар на „Суво поле“
- Детали
- Објавено на Петок, 22 Февруари 2019 12:15
Вчера „Суво поле“ кај Вевчани повторно гореше.Што се случува на „Суво поле“ во атарот на Вевчани?
За само три дена, два пожари избувнаа на ова место и изгореа илјадници насади со костен,ореви,лешници, системи за наводнување. Последниот пожар се случил вчера околу 11 часот, во месноста „Суво поле“, при што, на една парцела целосно изгореле 100 насади од Лешник и околу 2000 м квадратни земјоделска површини.Пожарот бил локализиран а потоа и целосно изгаснат од Територијалната противпожарна единица од Струга.
Вевчанци но и целата јавност, оправдао реагираат и бараат надлежните да ги разјаснат зачестените пожари на овој дел.