Вевчанка постирала недолични содржини на ФБ
- Детали
- Објавено на Четврток, 14 Март 2019 15:26
Вевчанката креирала лажен ФБ профил и заработила кривична.
Секторот за внатрешни работи Охрид поднесе кривична пријава против Л.Б.(29) од Вевчани поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело ,,злоупотреба на лични податоци“.
-Пријавената во текот на јануари оваа година неовластено навлегла во комјутерски систем на лични податоци на две лица од Вевчани и без нивна согласност презела и обработувала нивни семејни и други фотографии, по што ги објавила на нејзиниот лажен Фејсбук профил и постирала коментари со недолични содржини, информира Стефан Димоски,портпарол на СВР Охрид.