Чет10172019

Последна промена08:28:24 PM

SCREEN

Cpanel

          

  • sileks
Back Вие сте на: Home Вести Вевчани 17- та ревија на музика ќе се одржи во Вевчани

17- та ревија на музика ќе се одржи во Вевчани

Сподели

17- та ревија на песни, музика и игра  ќе се одржи во Вевчани.

Во Вевчани на 10 април 2019 година во просториите на Клубот на Здружението се одржа консултативен состанок со претседателите на здруженијата и своите соработници задолжени за културно-забавниот живот на пензионерите од осмиот регион,што ги опфаќа здруженијата на пензионерите од Струга, претсавени од Милорад Трпоски,секретарот Изеир Мустафаи и претседателот на комисијата за култура Луба Јованоска,Охрид и Дебарца Ѓорѓи Трпчески,Гостивар Нијаз Џелили,Кичево претставено од претседателот на комисијата за култура Саве Димитриески,Македонски Брод Илија Лазески,Лабуништа Лутви Ќазимоскии, Вевчани како Домаќин од Наум Чочороски и Витомир Костојчиноски претседател на ИО,додека претставник од ЗП –Дебар немаше.

Согласно заклучоците на Комисијата за културно-забавен живот при Сојузот на Здруженијата на пензионери на Македонија,за 17-та Регионална ревија на песни,музика и игра за 2019 година,му е доделено на Здружението на пензионери – Вевчани,кое минатата година се покажа како добар организатор на спортските натпревари.А ревијата ќе се одржи на 20 мај 2019 година во Домот на културата во Вевчании,каде што има прекрасни услови.


По тој повод претседателот на ИО при ЗП-Вевчани Витомир Костијчиноски,заедно со претседателот на Собранието Наум Чочороски,во насока на инплементацијата на заклучоците од К.К.З.Ж организира консултативен состанок,на која се извршија неопходните подготовки и критериуми сосгласно препораките кој ги пренесе претставникот Ристо Трајкоски како член на ИО при СЗПМ.
На состанокот беше извршена ждрепка за редоследот на настапите на здруженијата на ревијата и тоа: Прво ќе настапи Вевчани како домаќин втори ЗП- Струга,трети Кичево,4.Гостивар,5 Охрид и Дебарца.6.Македонски Брод,и 7.од Дебар и Центар Жупа,ЗП Лабуништа се изјасна дека нема формирано пејачка група и нема да настапи.Се договорија доколку временските услови дозволуваат да има и дефиле на учесниците низ центарот на општина Вевчани.


Преставникот на СЗПМ Ристо Трајкоски,во негово име и во име на новата претседателка на Сојузот Станка Трајкоска,како и во име на новоизбраните претседатели и раковдства им посака успешна и плодна работа,а исто така истакна дека СЗПМ е покровител на ова пензионерска манифестација на песна,музика и игра.
На крајот од дискусиите беше дон есен заклучок Жири комисијата да ги избере виостинските најдобри учесници,како би била успешна завршена оваа културна пензионерска манифестација.Исто тка се договорија доколку има признанија,пофалници и други поклони да се поделат за време на приемоот на учесниците и гостите во ресторанот „Пелвец“ во Вевчани.

Текст и фото Стојан Кукунешоски

  • Granit

ФОТО

 

ПРИДРУЖЕТЕ НИ СЕ НА FACEBOOK