Чет12122019

Последна промена07:43:14 PM

SCREEN

Cpanel

          

  • sileks
Back Вие сте на: Home Вести Вевчани Извонредна изведба на „Јаворе“ од Викторија Чочороска

Извонредна изведба на „Јаворе“ од Викторија Чочороска

Сподели

Синоќа во Домот на културата во Вевчани, пред драги пријатели, колеги и обожаватели на Викторија Чочороска се одржа промоцијата на нејзината прва преработка на една од најубавите стари македонски песни ,,Јаворе,,.


Аранжманот за песната го направи композиторот Николче Мицевски, а снимена е во студиото ХЛ Момироски во Скопје. Покрај аудио верзијата, публиката уживаше и во промоцијата на видео спотот за песната во изработка на Дарио Јанковиќ и General film production.
Композиторот Мицевски не ги криеше чуствата и радоста од соработката со овој млад изведувач и синоќа во своето обраќање меѓу другото рече:,,...чест ми е што сум вечерва во Вевчани и што имам прилика да промовирам песна која со особено задоволство ја сработив за Викторија.Уште прв пат кога ја слушнав Вики како ја пее песната Јаворе, од срце поскав таа прекрасна македонска песна да блесне во нов сјај и исклучиво во нејзина изведба и мислам дека заедно успеавме во тоа,,.

Викторија Чочороска е млад изведувач, дипломирала на музичката академија во Скопје, а работи како професор по соло пеење во средното музичко училиште во Струга. Таа како соло изведувач патот во музичките води го започнува како член на КУД "Дримкол" од Вевчани, каде што и денес е активен член во пејачката група Каданка со која неодамна објавија и музичко ЦД на стари традиционални песни, а музиката со силен ентузијазам им ја наметнува и на многу млади дечиња преку креативни музички работилници.

Од нејзините досегашни ангажмани се издвојуваат соло настапите и концертите во рамки на Вевчанско културно лето, ликовната колонија ,,Вевчански видувања,, соло изведби за театарски претстави, а успешна соработка неодамна оствари и со групата Некст Тајм за песната ,,Нешто ќе те питам бабо,, за која песна го пее женскиот вокал, а соработува и концертира со дуото Даутовски.

 ВИДЕО

 

  • Granit

ФОТО

 

ПРИДРУЖЕТЕ НИ СЕ НА FACEBOOK