Вто03022021

Последна промена04:11:35 PM

SCREEN

Cpanel

   

  • sileks
Back Вие сте на: Home Вести Вевчани Во Вевчани почнува фестивалот „Пображење“

Во Вевчани почнува фестивалот „Пображење“

Сподели

Денеска во Вевчани започнува 9-тиот по ред Фестивал за народна култура ,,Пображење,, во организација на Културно уметничкото друштво ,,Дримкол,, од Вевчани.

Од денеска и во наредните три дена, 500 уметници од различни држави ќе ја презентираат народната култура пред Вевчанската публика и пред многубројните туристи и гости кој токму овие денови престојуваат во Вевчани и регионот.
Фестивалот започнува вечерва во Домот на културата со презентација на Етнолошки документарни филмови, а како учесници оваа година со свои авторски дела ќе се претстават: др. Владимир Боцев ( ,,Возот за Мартолци,,), Елзи Иванчич Дунин и Даниел Петровски ( Са О Рома ) и Бојан Петковски ( филмувана реконструкција ,,Лазарице,,).
Свеченото отворање е утре на летната сцена каде во наредните денови својот фолклор ќе го презентираат Македонски ансамбли и фолклорни ансамбли од Германија, Естонија, Словачка, Хрватска, Полска, Србија.

Покрај сценско уметничката презентација на орската, инструменталната и вокалната култура, во рамките на фестивалот секоја година се реализира и програмската содржина: ,,Народната култура во Вевчани, инспирација за ликовните уметници,, а учесник оваа година е Аница Китаноска-Вевчанска, студент на академијата за убави уметности во Равена,Италија.
-

Во Вевчани овие денови се подготвува и слави Преображението Христово, слава на населбата, та, затоа пред години одлучивме таквата празнична радост да ја збогатиме со дополнителни весели содржини кој позитивно ќе влијаат на таа празнична атмосфера како и на целокупното живеење во Вевчани. Одлучивме тоа да се содржини од народната култура, бидејќи токму тие ги отсликуваат традиционалните духовни и материјални вредности на еден народ. На Вевчани му прилегаат настани кој имаат за цел да ја зачуваат традицијата, впрочем, Вевчани низ вековите го докажал тоа, та токму затоа целта и на овој фестивал е да ја афирмира Македонската духовна култура и традиција, да овозможи запознавање со народната културата на други земји низ светот, а воедно да ја збогати туристичката понуда на општината - изјави м-р Тошо Чочороски, претседател на КУД ,,Дримкол,, од Вевчани.

Стручниот совет на фестивалот во состав: проф.др. Мирјана Мирчевска, проф.др. Велика Стојкова - Серафимовска, проф.др. Даворин Трпевски, Јовица Блажески и Наташа Кукоска ќе ги оценуваат сите ансамбли, а за најдобриот ансамбал организаторот доделува плакета ,,Чувари на традиција,,.

Фестивалот завршува на празникот Преображение Христово на 19 август со етно звуците на Вокално инструменталниот состав ,,Аманет,, од Скопје и Фолклорниот ансамбал при центарот за традиционална култура од Вараждин, Хрватска.
Фестивалот е под покровителство на министерството за култура и на Општина Вевчани.

 

  • Granit

ФОТО

 

ПРИДРУЖЕТЕ НИ СЕ НА FACEBOOK