Нед11172019

Последна промена11:00:51 PM

SCREEN

Cpanel

          

  • sileks
Back Вие сте на: Home Вести Вевчани Во Вевчани се поставува Спомен - биста на Михајло Пупин

Во Вевчани се поставува Спомен - биста на Михајло Пупин

Сподели

Вевчанци не ги забораваат своите славни предци:Утре откриваат Спомен - биста на Михајло Пупин, таткото на глобализацијата...

 

 За утре, во 11 часот, во центарот на Вевчани, закажано е свечено откривање Спомен - биста на истакнатиот светски научник, таткото на глобализацијата, Михајло Пупин – Идворски (1858-1935).

Организатор на настанот е општина Вевчани, а како повод е искористено одржувањето на верскиот празник Преображение, по нивно - Пображење, за кој од земјата и светот, велат, допатувале околу 500 фолклористи на истоимениот фестивал.

-Вевчани и вевчанци не би биле тоа што се, не би имале зачувано културно - историско минато и институции од образованието, науката, фолклорот и другите дејности, доколку не се однесуваат со почит и пиетет на кон своите славни предци. Несомнено, тука, во прв ред, спага Михајло Пупин, роден во Идвор, Војводина, но со корени од Вевчани. Тука има маало Пупиној, тука е отворена Пупинова куќа, постојано ги продлабочуваме врските со неговото родно село , но и со научните институции од Србија. Несомнена потврда на тоа е и фактот што бистата е донација на фондацијата "Младен Селак" од Србија. Со Спомен – бистата, се заокружува таа славна приказна и пиететот што вевчанци го негуваат кон Михајло Пупин, еден од најголемите умови на цивилизацијата, воопшто, научникот кој се смета, и тоа со право, за татко на глобализацијата, напоменува градоначалникот на Вевчани, Сашо Јанкоски.

Вевчанци, во 2008 година, го реконструираа Спомен дом на Пупинови. Семејната куќа во која живееле претците на научникот е изградена во средината на 19-от век.

Подоцна во Вевчани беше конституирана Академијата на убавите уметности - Вевчани, како уметничка институција која ќе иницира, поттикнува и поддржува развој на вевчанската уметност и креативност.

Замиеслено беше да работи, на унапредувањето на традициите и културата историјата и литературата, сликарството, скулптурата, а беа формирани посебни одделенија за информатика, нови технологии и медицина, за архитектура и градителство, како и за театарска и драмска уметност.

Поддршка дадоа тогашните претседатели на Македонската и Српската академија на науките и уметностите, академиците Владо Камбовски и Никола Хајдин кои неколку дена престојуваат во Спомен-домот на Пупинови.

Академиците, заедно со истакнати претставници од македонскиот културен, историски и научен живот, одржаа и тркалезна маса, посветена на великанот во обласна на физиката и електрониката, Михајло Пупин. 
Веле Митаноски

 

  • Granit

ФОТО

 

ПРИДРУЖЕТЕ НИ СЕ НА FACEBOOK