Нед12082019

Последна промена03:37:38 PM

SCREEN

Cpanel

          

  • sileks
Back Вие сте на: Home Вести Вевчани Фотографии за вевчанските „Шимшир порти“

Фотографии за вевчанските „Шимшир порти“

Сподели

По повод 75- годишнината од ослободувањето на Вевчани ,а во рамките на Вевчанско културно лето – 2019 година,во Клубот на пензионерите ,пред многубројните посетители,беше отворена изложба на уметнички фотографии со наслов:„Порти,вевчански шимшир врати“ од фоторепортерот и новинар Стојан Кукунешоски.

За неговото творештво опширно зборуваше македонскиот писател Петко Шипинкаровски,којшто нагласи дека Кукунешоски спаѓа во редот на оние наши творци,кои имале што да кажат и сето тоа го кажуваат на еден инспиративен и уметнички начин.

Кога кон ова ќе се додаде и фактот дека Кукунешоски има учествовано со свои уметнички фотографии на повеќе изложби,тоа јасно зборува дека се работи за еден неуморен и докажан автор,којшто подеднакво твори и со фотоапаратот и пишаниот збор.


Вториор промотор на изложбата на уметнички фотографии на Стојан Кукунешоски,новинарот и писател Мишо Китаноски пак,се осврна на изложените фотографии,при тоа нагласувајќи дека во 35 – те изложени дела,авторот на нему својствен начин и со нерв,успеал,суптилноста на времето што минало,а оставило патина врз затворените и поднаведнатите вевчански порти,низ кои ,некогаш во куќите влегувале и излигувале многумина,сега,само да опоменуваат и да потсетуваат.Се на овој свет има врати низ која влегува и излегува,но шимшир вевчанските порти ја имаат во себе скриената тага и далечните дамари,што времето ги однесло,без ретуш,без додавање и боење,онака како што се и сега и во мигот кога Кукунешоски,играјќи си со светлоста на сонцето и квечерината,создал неповторлив свет за доживување и уживање,подвлече во своето искажување Китаноски.


Планирано е,фотоизложбата на уметнички фотографии на Стојан Кукунешоски,до крајот на годината да ја погледаат и во Струга и во Скопје,што е уште една потврда за успехот на овој наш неуморен пензионер од Подгорци.

С.К. 

  • Granit

ФОТО

 

ПРИДРУЖЕТЕ НИ СЕ НА FACEBOOK